Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.
*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.
Павле ТРАЈАНОВ човек со широки погледи
Мојата партија е мала, да не речам тесна, па затоа имам широки желби,
за предлогот од ЕУ барам широка дебата, широк консензус, а не делби!
А за секој договор сум отворен за референдум, за да нема контроверзи,
а дали ќе останеме со СДСМ, зависи од зделките на политичките берзи!
Стево ПЕНДАРОВСКИ селективно навреден
Знам дека ве налути мојот став за францускиот предлог како прифатлив,
и јасно ми е дека како мета на бес, гнев и навреди станав така податлив!
Но, имајте усул, прифаќам навреди на татковината, но не и на мајчината,
иако и Бугарите се безобразни, кај Апасиев чинам границата е помината!
Сања ЛУКАРЕВСКА враќач на ДДВ
Кога се воведе „Мој ДДВ“ ветивме по 50 милиони евра годишно поврат,
а за три години вкупно само 68 милиони вративме, шо е слабо бе, брат!
Затоа, се дига лимитот од 1.800 на 2.100 денари по човек, бива ли така?
Скенирајте бе луѓе, ова ни е најуспешна реформа, и пак е некако млака!
Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски, Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска-Стојчевска е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.