Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.
*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.
Талат ЏАФЕРИ човек со клуч
Вмровците подивеа, станаа бетер и од Апасиев, мораше да заигра и клуч,
додуша они ме мразат уште од кога станав спикер, и викаа дека било пуч!
Сега ми поднеле и некоја интерпелација, но уште клучот е во рацете мои,
за мојата смена се потребни 61 глас, па Мицкоски зарем не знае да брои?
Христијан МИЦКОСКИ разбивач на илузии
Некои луѓе ми беа блиски, а еве сега се дел од случајот „Делчевски ниви“,
тврдам дека не сум знаел ништо, па сум невин, а тие може и да се криви!
Но, да немате илузии дека тој скандал ќе го запре мојот поход кон власта,
прво предвремени избори, а после на сите душмани ќе им ја вадам маста!
Марко БИСЛИМОВСКИ промотор на фотоволтаиците
Нели Марија Антоанета на тие кои немале леб им рекла колачи да јадат?
Е па и јас слично им реков на општините за фотоволтаици пари да дадат!
Добро де, немаат тие ни за сметки да платат, но школите кровови имаат,
па што дремат, нека инвестираат прво, па и субвенции после ќе примаат!
Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Стојанче Ангелов, Добрила Кацарска, Димитар Ковачевски и Стево Пендаровски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.