Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.
*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.
Африм ГАШИ алтернативец без алтернатива
Се собра целата партија во Филхармонија на конгресот на Алтернатива,
оној Скендер Реџепи не дојде, лут бил, Владата за нешто му била крива!
Сеедно, конгресот ме избра пак за лидер оти за мене алтернатива нема,
тоа важи и за Владата од која сме дел, па Мицко џабе протести спрема!
Христијан МИЦКОСКИ човек во (не)брзање
Уф, ме разочара оној Касами што бара предвремни, ама не ги сака сега,
бетер е од Ковачевски кој од лидерска средба за под итно избори бега!
Затоа, најавувам голем општонароден митинг за 18-ти јуни пред Влада,
тоа е за цел месец од сега, не се брзам, сакам подолго Таче да страда!
Стево ПЕНДАРОВСКИ останувач дома
Ја знаете ли изреката „сите патишта водат во Рим“, поговорката е стара,
но годинава за 24-ти мај решив да не одам во Рим јас, кој ќе се замара?
Нека одат во Ватикан за Свети Кирил и Методиј, Таче и од владата тим,
се договорат ли со Бугарите, ќе бидам чист и критики ќе им упатам ним!
Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Димитар Ковачевски, Данела Арсовска, Талат Џафери и Марко Бислимовски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.