(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Славјанка ПЕТРОВСКА домаќинка на вежба
Ни дојдоа 4.000 војници од НАТО, исто како да се дома, не се тие странци,
плус, од нив ќе видиме само полза, може и од небото ќе ни паѓаат ранци!
Се шалам де, ранецот од авион паднат во Неготино не удри никого, така?
Е па и воената вежба „Swift Response 22“ на Криволак ќе помине без мака!

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ барач на гас
Откако станав премиер искрено ми се згади од целата политичка сцена,
Мицко ме уценува, Петков ме саботира, цени дивеат, за само сто дена!
Но на патот кон успехот нема стоп-знак, ја возам државава и давам гас,
ако ни секнат Русите, гасоводот од Александропулис ќе биде наш спас!

 

Христијан МИЦКОСКИ рок ѕвезда
Му дадов на Таче рок до 10-ти мај  да каже дали е за средба тој спремен,
на средбата ќе барам избори, и тоа не редовни, туку во рок предвремен!
Ако ништо не даде, најавувам „сериозни и до сега непреземени чекори“,
не откривам какви, но ќе биде нешто ситно, за Калето да не нѐ прекори!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Зоран Заев, Максим Димитриевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости