Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.
*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.
Данела АРСОВСКА лоцирач на статуи
Како Индијана Џонс трагав по загубеното благо, го најдов, браво за мене,
артефактот од минатото е споменикот на Ќосето, паднат, пак ќе се крене!
Легендите велеа го стопиле или продале ко отпад, но тоа беше само мит,
Ќосето ќе биде на пиедестал, а кој посака да го руши, нека бара динамит!
Оливер СПАСОВСКИ министер за макети
Знаете што значи МВР!? „Макетите Вршат Работа“, а што друго да значи,
но за идејата за ставање полицајци – макети, твитер на глава ми се качи!
Ама размислете еј: макетите нема да земаат мито и нема да штрајкуваат,
значи останува сал да најдеме криминалци – макети од кои ќе нѐ чуваат!
Фатмир БЕСИМИ земач на кредити
Ако ме прашате зошто решивме да одиме од ММФ да молиме за кредити,
ќе ви речам: ајде да пробаме нови вкусови, од еврообврзниците сме сити!
Реално, еврообврзниците се ко еврокрем, слатки се за малечка економија,
а ние сме веќе зрели, па да пробаме нешто жестоко, некоја ММФ помија!?
Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски, Никола Груевски и Стево Пендаровски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.