Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.
*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.
Христијан МИЦКОСКИ популарен популист
Според новата анкета на ИПСОС, јас сум најпопуларен од сите ликови,
иако само 9 отсто ме ценат, па на власт ќе дојдам со изборни трикови!
На пример, ветувам и дополнителен попис, ќе се направи електронски,
бројот на Македонци ќе расне ко пирамида, за да владеам фараонски!
Славјанка ПЕТРОВСКА бизнис ориентирана
Пред некој ден во говор по повод денот на НАТО, каде сме ние членка,
ги повикав фирмите наши да влезат на тој пазар, баш сум бизнисменка!
Еве, знаевте ли дека и со НАТО се прават тендери, па и таму се врти кеш,
ќе купиме топови, а и оклопни возила, за пешадијата да не ни оди пеш!
Никола ТУПАНЧЕСКИ некупувач на карти
Со шпекулациите за патот до Палермо гла’ата „тупан“ ми ја направивте,
Фатиме ви извади сметки за пица, и на нејзиниот грев брзо заборавите!
Дека не сум ги платил јас за авионот и стадионот билетите, ете признав,
(не) чекајте оставка, сладок ми дојде плодот (на власта) од кој гризнав!
Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Димитар Ковачевски, Никола Груевски, Апостол Симовски и Стево Пендаровски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.