Дефиницијата за лесна жена нема повеќе да се изучува – ќе се измени содржината на учебникот по Социологија!

by fokus

Учебникот по Социологија за втора година средно училиште ќе добие соодветно изменета содржина до почетокот на учебната 2020/2021 година – најавија од Министерството за образование и наука. Овој чекор следуваше по вчерашните реакции на јавноста во врска со лекциите на тема криминал, каде жените во повеќе наврати беа етикетирани.

Авторите на учебникот, Гордана Трајкова – Костовска и академик Димитар Мирчев, оделе до таму, што дури и објавиле дефиниција за лесна жена.

– Една жена која има желба често да ги менува своите љубовни партнери, заедницата ја нарекува неморална, лесна жена – пишува во лекцијата за криминал.

Тврдења дека абортусот е женски криминал и низа на предрасуди и дискриминирачки информации се дел од материјалот кој што го изучуваат деца на возраст од 16 години, и тоа уште од 2002 година, кога учебникот бил одобрен за употреба со Решение на Министерството за образование и наука. Според МОН, изменетиот учебник ќе биде дистрибуиран до училиштата по печатењето.

Вики Клинчарова

Поврзани новости