Дефект во Волково остави повеќе делови од Скопје без струја

by Fokus

Повеќе часа без струја попладнево се делови од скопските населби Ѓорче Петров, Волково, Стопански двор, Водно и Црниче како и неколку скопски села. Од „Електродистибуција“ велат дека е настанат испад на кабел и дека екипите работат на негово отстранување.

Според информациите од „Електродистибуција“ се очекува напојувањето со електрична енергија да биде нормализирано за околу еден час.

„Се работи само за еден дефект во Волково, каде има испад на 10 киловолтен кабел. Поради прекинот неколку трафостаници во таа линија се во прекин. По санирање на дефектот сите ќе добијат напојување“, велат од „Електродистибуција“.

Поврзани новости