582
Транспортен хеликоптер МИ-8/18, од воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија пред преполната платформа на воениот дел од меѓународниот аеродром Скопје, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, традиционално и оваа година го донесе Дедо Мраз.
-По атрактивниот прелет и пристигнување, најомилениот новогодишен лик кај најмладите, подели повеќе од 500 новогодишни пакетчиња на деца од загинатите припадници на воздухопловната бригада, како и на вработени во оваа бригада и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана – информираат од Генералштабот на АРМ.