Дедо Мраз пристигна на плоштад „Македонија“ со тротинет, посакувајќи им на сите среќна и бериќетна Нова година.
– Денеска симболично напладне го пречекавме Дедо Мраз заедно со златните славејчиња кои во рамки на новогодишната програма што Град Скопје ја организираше со цел пречек на Нова година, ги забавуваа присутните, истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Тој нагласи дека градот е полн со странски туристи, како и со граѓани од цела земја.
– Официјалната програма за пречек на Нова година започнува во 20.00 часот. Очекуваме над 50.000 луѓе на плоштадот. Ги повикувам сите скопјани, како и сите граѓани да уживаме во забавата и да се дружиме, рече Шилегов.
Тој порача да се внимава на безбедноста, со оглед на гужвата што е настаната во сообраќајот.
– Во 2020 година повикувам на сполотеност, на мир, на среќа, посочи градоначалникот.