Денес учениците од основните општински училишта од Кавадарци сведочеа на невообичаен празничен настан, кога на терените на Спортскиот центар Јасмин во градот, со хеликоптер слетаа Дедо Мраз и Баба Мразица.
Тие им доделија новогодишни пакетчиња на сите ученици од прво до петто одделение, од сите шест основни училишта од Кавадарци.
-Го прескокнавме вообичаеното и денес Дедо Мраз, а со него и Баба Мразица, ги донесовме од Лапонија со хеликоптер, во придружба на специјалци кои се погрижија да слетаат безбедно.
Им приредивме на учениците радост и среќа која ќе ја паметат долго, затоа што тие се нашата иднина! –порача градоначалникот Митко Јанчев, потенцирајќи дека решил на невообичаен начин да им го подобри новогодишното расположение на учениците.
Вики Клинчарова