Александар Дединец, научен соработеник на МАНУ, кој учествуваше во создавање на новиот Закон за енергетика вечерва во гостувањето на 1ТВ објасни дека голем дел од подзаконските акти се завршени, а друг дел се финализира.
-Република Македонија како земја-членка на енергетската заедница има дефинирано стратегија за тоа како понатаму да го развива енергетскиот систем. Обврзани се да имаат одредено учество на обновливи извори во бруто финалната потршувачка на енергија, а во неа влегува и електричната енергија. Како ќе го остварат процентот кој за Република Македонија за 2020 година изнесува 23% учество на обновливи извори во бруто финална потрошувачка на енергија зависи од политиките кои ќе ги спроведува Владата. Сега сме околу 20 % учество на обновливи извори во бруто финална потрошувачка, а овие проекти кои владата ги промовира се тенденција да се остварат 23% обновливи извори во бруто финална потрошувачка на енергија.
Дединец се осврна и на интересот кај инвеститорите за сончева енергија поради големиот број на сончеви денови во земјата.
-Заинтересираноста се препознава, при донесување на подазаконските акти се виде големата заинтересираност на инвеститорите. Најголем дел инвеститори од земјата, но и странски инвеститори, истакна Дединец.