Дебарскиот градоначалник оптимист: Се надеваме дека ќе слушаме само добри вести

by Fokus

Дебар почнува да се стабилизира во состојбата со корона вирусот. Ова го истакна дебарскиот градоначалник Хекуран Дука кој е оптимист во целата ситуација.

„Безбедноста е многу добра. Во текот на ноќта не е регистриран ниту еден случај на прекршување на полициски час. Ги молам граѓаните да ги почитуваат препораките. Само така ќе ја надминеме оваа ситуација“, истакна Дука.

Вкупната бројка на заразени во Дебар е 41, а во домашна изолација 199 лица. Едно лице почина од опасниот вирус.

Поврзани новости