Дебарец возел пијан со 2,75 промили алкохол во крвта, а немал ниту положено возачки испит

by valentina 13:39
13:39

Од МВР информираат дека жител на Дебар бил уапсен откако бил фатен како вози пијан и тоа без возачка дозвола.

-Полициски службеници во Дебар го лишиле од слобода А.Л. (29) кој возел во алкохолизирана состојба, предизвикал сообраќајка и нападнал полицајци, велат од МВР.

Притоа утврдиле дека А.Л. немал положено возачки испит, а по извршено алкотестирање кај него констатирале 2,75 промили алкохол во крвта и го исклучиле од сообраќај.

Слични вести