Дебарчани загрижени што фабриката “Кнауф” работи со полн капацитет, од фабриката тврдат дека работниците се заштитени

by fokus

Неколкумина жители на Дебар велат дека прават се за да се заштитат од корона вирусот, почитувајќи ги мерките за самоизолација, но посочуваат дека се загрижени што фабриката “Кнауф” во нивниот град и понатаму работела со полн капацитет.

-Фабриката работи со полн капацитет, како ништо да не се случува. Слушаме и дека вработените не се доволно заштитени, па стравуваме за нашето здравје, велат дебарчани кои стапија во контакт со редакцијата на “Фокус”.

По дојавата од загрижените жители поставивме неколку прашања до раководството на фабриката „Кнауф Радика АД Дебар“, поточно колкав е бројот на вработени и дали сите се ангажирани и по прогласувањето на кризната состојба во Дебар? Исто така прашавме и дали имаат  доволно заштитни маски и ракавици за вработените и дали планираат прекин на работата?

На прашањата ни одговори раководителот на фабриката Абди Доволани, кој тврди дека работат под комплетна контрола на ситуацијата.

-1. Активиран е кризниот штаб за менаџирање на вакви ситуации.

2. Сите работници на влезот и на работните места користат дезинфекциско средство

3. Сите работници се опремени со заштитни маски и ракавици без ограничувања

4. Сите тие кои според законот треба да не доаѓаат на работа, веќе е спроведено: 3 вработени

5. Сите тие кои имале контакти од инфектираните, се пратени на домашна изолација: 9 вработени

6. Се врши секојдневна дезинфекција на сите простории, согласно препораките на јавно здравје Дебар

7. Целосно забрана на посетители и странки

8. Работние места се одалечени минимум 2 метри

9. Нема контакти и групирања

10. Информативни инструкции се поставени на сите работни места и проверувања се прави нон-стоп

11. Нема никаков контакт со шоферите на камионите (шоферот 100% само во кабина)

12. Целата документација се врши без хартија, електронски.

13. Постојано ја следмие ситуацијата во градот и сме во контактна врска со сите надлежни, се вели во одговорот.

Во Дебар и Центар Жупа пред неколку дена беше прогласена кризна состојба односно забранет е влез и излез од општините.

В.В.

Поврзани новости