Дебарчанец од Италија: Тука е страшно, не смееме да излеземе од дома

by fokus

Венеција никогаш не била толку празна. Сите мораме да останеме дома, бидејќи тоа е единствениот начин да се заштитиме од корона вирусот, вели Муамер, еден од многуте македонски државјани кои се во Италија.

-Потекнувам од Долно Косоврасти, Дебар, а со години со семејството живееме во Италија. Моменталната состојба тука е страшна, вирусот е многу опасен, а има и многу жртви. Од утре нема да одиме на работа, а децата речиси еден месец не се на училиште. Им продолжија до 3 април, вели нашиот соговорник.

Тој додава дека се е затворено, освен продавниците за храна и аптеките.

– Седиме дома и не излегуваме, бидејќи и препораките се такви. Може само да се излезе до продавница или аптека, или за итен случај, вели Муамер.

Во Италија досега починати се 1.809 лица, од кои 368 во последниве 24 часа.

В.В.

 

Поврзани новости