Општина Дебар бара прекин на наставата, како и скратување на работното време, зголемена контрола на граничните премини и зголемување на бројот на здравствени работници во Центарот за јавно здравје во Дебар.
На вонредна седница која што се одржала синоќа во 22 часот, поради опасноста од ширеше на коронавирусот, биле донесени следните заклучоци: Одлука со препорака:
1. Министерството за образование носи решение да го прекине воспитниот процес на неодредено време.
2. Министерството за здравство итно да го зголеми бројот на здравствени работници во Центарот за јавно здравје во Дебар (епидемиолог, технички здравствен персонал). Санитарниот инспекторат треба да ги зголеми контролите врз хотелските капацитети за нивото на дезинфекција.
3. Министерството за внатрешни работи да ги зголеми мерките и контролите со професионална опрема на граничните премини на регионот на Дебар.
4. Владата на РСМ треба да ја разгледа можноста за скратување на работното време за државната и јавната администрација. Овие одлуки влегуваат во сила веднаш и бараат гореспоменатите тела итно да ги разгледаат – информираат од општината.
Вики Клинчарова