Дебакл на Алкараз на Завршниот турнир во Торино

by Fokus

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз доживеа епски дебакл на стартот од Завршниот турнир во Торино. Алкараз беше поразен од Каспер Руд во два сета со 6:1, 7:5.

Алкараз дојде во Торино како еден од фаворитите, а тоа дефинитивно беше на мечот против Руд кој е во катастрофална форма.

Норвежанецот дојде во Торино со четири порази во низа, односно девет на последните 11 натпревари, но успеа да го шокира третиот играч во светот на самиот старт од групната фаза.

Не се чинеше дека овој меч ќе има таков исход, бидејќи Алкараз имаше две брејк топки во првиот гем.

Но, не ги искористи, како и три во петтиот гем од сетот, па Руд со 2/2 во истите ситуации го исчисти својот ривал со 6:1.

Многумина очекуваа Алкараз да се разбуди во вториот сет – и покрај тоа што беше јасно дека Шпанецот има некаков проблем, веројатно во форма на настинка – и тоа се случи. Го зголеми нивото на сервис, лесно се проби и поведе со 5:2.

И токму кога сите се подготвуваа за третиот сет, Руд успеа да победи во пет гема по ред, два пати да го скрши својот ривал, а потоа да ја искористи третата меч топка за да потпише епски дебакл на младиот Шпанец.

За ситуацијата да биде уште побизарна, ова е прва победа на Руд над Алкараз по четири релативно убедливи порази.

Ова беше прв меч во групата „Џон Њукомб“, а во вториот меч вечерва од 20 часот и 30 минути ќе се сретнат Александер Зверев и Андреј Рубљев.

Поврзани новости