ДЕА: Ја поддржуваме борбата против нарко трговијата во С Македонија

by Fokus

Продолжуваме со поддршката за Северна Македонија во детектирање, спречување и ликвидација на организациите кои се занимаваат со тргување со дрога, изјавија синоќа за МИА од Американската служба за борба против дрога (ДЕА).

ДЕА потврди дека службеници на агенцијата се вклучени во истрагата на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција околу заплената на 200 килограми марихуана во петокот од страна на полицијата, но не сакаат да коментираат за текот на истрагата и осомничените лица. ДЕА е служба во рамките на американското Министерство за правда.

Полициската акција беше изведена во петокот попладне кога на патот Прилеп – Росоман, полициските тимови го пресретнале автомобилот „ауди А8“, во кој биле висок полициски функционер од Прилеп, и уште едно лице. Веднаш потоа е запрено патничко возило „дачија дастер“, во кое се превезувале уште две лица, а зад нив и комбе, во кое се наоѓала марихуаната спакувана во 40 картонски кутии во кои имало 400 полиетиленски пакувањa.

Поврзани новости