616
Даниеле де Роси по се изгледа одлучил да игра за аргентинскиот Бока јуниорс, пишува „Фокс спортс“.
Истиот извор наведува дека 35 годишниот Де Роси веќе почнал да бара повеќе информации за Бока од неговите поранешните соиграчи од Рома, Дани Освалдо и Леандро Паредес.
Претседателот на аргентинскиот клуб Даниел Ангеличи, ниту го потврди, ниту го демантираше можниот трансфер на Италијанецот во Аргентина.
„Има време за разговор за засилувањата во јуни и јули. Тогаш ќе треба да се провери дали има понуди за нашите сегашни играчи. Доколку некој замине, тогаш некој друг ќе си дојде, но сега мислиме на неделниот натпревар“, изјавил тренерот на Бока.
Во недела се игра полуфиналето на Купот на суперлигата меѓу Бока јуниорс и Аргентинос јуниорс.