479
Претседателот на италијанскиот гигант Наполи, Аурелие Де Лаурентис излезе со интересна теза околу правецот во кое оди денешното друштво. Според него, промените во друштвото ќе се одразат и на фудбалот.
„Го уништуваме фдбалот. Младите ги интересираат само игри, а фудбалот тоне. Ќе видите дека фудбалот нема никој да го интересира повеќе, особено младите деца. За се сме криви ние, старите идиоти. Натпреварите се здодевни, траа предолго, луѓето заспиваат додека ги гледаат“, истакна Де Лаурентис.