Ова е рамковна тиранија, воведовте башибозук демократија, рече Апасиев

by Fokus

Пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев, рече дека ДУИ  врши рамковна малцинска тиранија врз македонската Влада, која од вечерва, ако биде избрана, ќе брои 11 министри Македонци и 10 министри Албанци.

-Воведовте башибозук демократија, ние станавме косовски полупротекторат, воведовте апартхејд кога Македончиња и Албанчиња живеат одвоено, имате отворено македонофобство, непочит кон химна и знаме, а вие Османи, внимавајте да не направите тешка стратешка грешка со идно предавство со Бугарија“, рече Апасиев и додаде дека тоа нема да биде простено зашто „Македонија е долга и широка работа“.

Тој додаде дека „момчето од Горњи Милановац“  нанесе пораз на Македонија со Грција, Македонците станаа северномакедонци, а потоа  преку спорот со Бугарија ќе се изгуби и македонскиот јазик или пак ќе постои со фуснота.

-ДУИ „искина“ осум македонски премиерии, вие Ковачевски ќе бидете деветиот. Во Југославија имаше десет пати повеќе првачиња Албанчиња, отколку сега ,значи правите зулум и кон своите Албанци, не излегувате од национал шовинизмот и правите бејрутизација на Македонија, рече Апасиев.

Тој нагласи дека досега непознатиот мандатар Димитар Ковачевски потекнува од црвената буржоазија бидејќи татко му бил исто така функционер во СДСМ.

-За првпат разбравме од вашата биографија дека во Подгорица Харвард имал дисперзирани студии. Вие не сте репрезент на работничката класа туку на капитализмот, иако се декларирате како социјалдемократ. Имате три стана од по 250.000 евра, автомобили, акции, сеф, за кој не знаеме што има, можеби внатре чувате дијаманти, рече Апасиев.

Според него зборот работници во програмата на Ковачевски е спомнат само шест пати, а зборот бизнис дури 60 пати, тоа покажувало за каков капиталист се работи.

Поврзани новости