516
Професорот Борче Давитковски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека „поголеми шегаџии од Судскиот совет нема“ и тој совет нема никаков интегритет.
-Тоа се многу сериозни институти на судството. Очигледно институциите не функционираат. Комплетно е заробен и партизиран целиот систем на државната администрација, министерствата и јавниот сектор. Час поскоро реформите ги направиме за нас, а не за Европа, а на овој начин докажуваме дека не сме кадарни за многу работи. Антикорупциска е сообраќаец кој укажува каде има точки по кои органите треба да постапуваат. Ако извршната власт не постапува, ДКСК не може да ја разреши владата. Обвинителство е најзатворено, а постапува ако му каже извршната власт, вели Давитковски.