60
„Оној што нарачувал обрасци за лични документи во 2019 година со старото уставно име веднаш треба да биде повикан во обвинителството, да даде отчет“ вели за тв Телма пензионираниот професор по административно право – Борче Давитковски.
„Според мене, јавниот обвинител уште денеска треба да го повика оној кој што во 2019 година нарачувал стари обрасци кои што беа во употреба до 2021 година. И сега на крај, тогаш кога се велеше дека ќе продолжат да важат, а се знаеше дека нема да важат, бидејќи тоа е меѓународен договор, тој треба да биде повикан од јавниот обвинител и да даде отчет, бидејќи на овој начин се кршат многу права на граѓаните. И тоа уставно загарантирани права“ – изјави Давитковски.