Давитковски: Како држава треба да „покажеме заби“ за отворањето на бугарските центри во Македонија

by Fokus

Откако бугарски културни центри со имиња на контраверзни личности почнаа да никнуваат во Македонија, универзитетскиот професор  Борче Давитковски  за ТВ24 оцени дека како држава треба „да покажеме заби“ и да ги спречиме.

„ Како држава мора да покажеме заби и дигнитет. Мора да се почитуваат нашите закони. Уписот во регистарот на здруженија кои имаат имиња и програми кои ги иритираат граѓаните мора да се поништи. Оние кои ги  одобруваат овие работи, пред се, мора да ги проверат името и програмата.

Ако не се реагира од државата, има како печурки секаде да изникнат. Морам да напоменам дека сами се ставаме во непријатни ситуации. Доколку некој смета дека е ускратен да отвори организација со провокативни натписи, слободно нека се обрати во Стразбург. Ние веруваме за македонската држава треба да си ги штити интересите на нашите граѓани,“ вели Борче Давитковски.

 

 

Поврзани новости