Јас на Макрон не му верувам бидејќи пред две години Бугарија немаше да стави вето доколку не беше тој.
Ова, меѓудругото, во интервјуто кое е објавено во најновиот број на неделникот „Фокус“ го вели професорот Борче Давитковски.
Разговараше: Јадранка КОСТОВА
ФОКУС: Имаме ли европска перспектива со блокадите од Бугарија, бидејќи на многумина им збоктиса „летот во место“?
ДАВИТКОВСКИ: Мислам дека дефинитивно со Бугарија треба да се прекинат разговорите бидејќи очигледно, иако Бугарите потпишаа Договор, сепак очигледно сакаат со анекси да направат уште три договори со нови барања. Мислам дека веќе на овој начин бугарската политика направи бугарскиот и македонскиот народ до толку да се замразат, што нашата перцепција за сѐ што е лошо е дека е од Бугарија. Што, се разбира, не е точно.
Ценам дека треба да си ги кажеме нашите црвени линии и да го известиме Брисел дека од нас толку и дека ние ќе продолжиме со реформите и дека ние сакаме да станеме дел од Европа, како дел од модерна демократска држава со исполнети стандарди, а не како што станаа Бугарија и Романија, кои влегоа во ЕУ на „мала врата“.
ФОКУС: Колку Брисел навистина го сака Западен Балкан во своите редови, особено по проектот на Макрон за таканаречена „втора лига“?
ДАВИТКОВСКИ: Јас на Макрон не му верувам бидејќи пред две години Бугарија немаше да стави вето доколку не беше тој; кога тој бараше нови начини како да се ценат европските вредности. Со тоа се зголемија и апетитите на Бугарија да става вето. Факт е дека ние на ЕУ ѝ требаме, ако ништо друго од геостратешки аспект. Ние сме малку народ, милион и 200 или 300 илјади граѓани, така што ние сме едно предградие на поголем европски град. Не гледаме дека претставуваме опасност за Европската Унија, само геостратешка предност.
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК