Министерот за здравство и директорот на Фондот за здравствено осигурување вчера заработија кривична пријава поради злоупотреба на нивната положба при продажбата на фирмата Диамед на странската компанија „Диаверум“ во зделка вредна над 11 милиони евра.
Од ФЗОМ и од Министерството за здравство за „Фокус“ потврдија дека ја подготвуваат обемната докуметнација за случајот и своите агрументи деновиве ќе ги соопштат на јавноста.
– Филипче и Ден Дончев изнесувале невистини на шведскиот инвеститор да се откаже од купувањето на македонската фирма која располага со центри за дијализа во земјата и со нивното влијание предизвикале и одложување на купопродажбата, тврдат од адвокатското друштво Давидовиќ Јанковиќ кои ја застапуваат подносителката на кривичната пријава.
Според Давидовиќ нивниот клиент смета дека е оштетен, поради водењето на кампања против продажбата од страна на директорот на ФЗОМ и министерот за здравство со цел истите да остварат корист а на неа штета. Тој објаснува дека докази има, разговорот меѓу Филипче и директорот на Диавериум.
– Како и да одлучи Обвинителството, ќе ги искористиме сите инстанци да вистината да се дознае, вели Звонко Давидовиќ адвокат.
Поранешната сопственичка на Диамед која сега ги тужи Дончев и Филипче, е една од осомниечните во предметот за кој Обвинителството скоро една година води истрага како биле додделувани концесиите за центрите на дијализа.
С.Т