Прво, треба да прашате врз што се темели обвинението затоа што перење на пари е последица на едно друго кривично дело кое мора да му претходи, а Обвинителството ниту го утврдило, ниту го предлага, па зборувам за мојот клиент, за Сашо Мијалков, не може ни да ја докаже неговата умисла и знаењето дека некој друг незаконито зел пари од партија па му помогнал на тој начин што му предложил офшор компании, изјави Звонко Давидовиќ по судењето за случајот „Плацеви на Водно“.
Според Давидовиќ, онака како што напишано обвинението, воопшто не соодветствува на законското битие на кривичното дело „перење на пари“.
– Особено што и покрај правната логика нема ни човечка логика во обвинението, пак кажувам за мојот клиент, затоа што на еден министер за финансии, на премиер кој бил 10 години, навистина не му е потребен никој кој ќе му обезбеди офшор компанија, а обвинителката сама во воведниот збор си скока во уста па вика веќе знаеле, имало офшор компании каде што дел од капиталот го вложувал. Така што обвинението е буквално исконструирано по однос на мојот клиент, кажа тој.
Денеска со воведни зборови на обвинителството почна судењето за „Плацевите на Водно“, во кој се обвинети поранешниот премиер, Никола Груевски, неговиот кум, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и неговата мајка, Ратка Куновска Камчева и првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков.