Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ во вечерашното гостување на 1ТВ зборуваше за тоа каков треба да биде новиот јавен обвинител на новото обвинтество.
-Јавниот обвинител да не биде од обвинителските кругови, треба да ја знае својата работа, да е можеби судија, адвокат, да има стручни способности и знаења, но не и да биде дел од тоа обвинителство за да се избегне тоа дека било кој и на било кој начин некому му должи нешто, вели Давидовиќ.
За аферата „Рекет“, тој вели дека ги тресе и темелите на државата.
-Доаѓате во ситуација СЈО кое требало да гони , за чие формирање сите помагаа и предупредуваа дека треба да постои СЈО, на крај обвинителот кој беше толку фален и кој имаше толкава поддршка, да треба да одговара пред јавноста. Ако можете да го купите специјалниот јавен обвинител, тогаш може да купите секого, заклучува Давидовиќ.