Пратеничката Иљире Даути поднесе оставка од функцијата координатор на Пратеничката група на Алијансата за Албанците.
Даути информацијата ја соопшти преку објава на нејзиниот фејсбук-профил и како причина за нејзиното повлекување од функцијата ги наведува слабите резултати од последните избори за советници во Советот на Општина Тетово, на кои Алијансата за Албанците не освои ниту еден мандат.
– Но, резултатот на последните локални избори, а уште повеќе многу слабиот резултат за Советот на Тетово, ме погоди и мене, а мојата совест како пратеник од шестата зона не го надминува и не можам да бидам рамнодушна. Затоа, ве информирам дека штотуку поднесов оставка од функцијата координатор на пратеничката група на Алијансата за Албанците, единствена титула што ја имам во моментов од политичкиот субјект. Вам кои верувавте во мене континуирано, сакам да ви кажам благодарам од се срце, ако можете продолжите да верувате во мене затоа што јас силно верувам во вас, посочува пратеничката Даути