Пишува: Влатко СТОЈАНОВСКИ
Даут Даути и Сефер Тахири, кандидати кои влегоа во најтесниот избор за петтиот член на атхок телото што треба да ги мониторира медиумите во предизборниот период, не ги повлекуваат кандидатурите, откако четворицата членови, изменувани по предлог на политичките партии, не се договорија кој да биде последниот член на телото, кој, според расподерот на силите, треба да има решавачка одлука при носење на одлуките.
Додека го чекаат расплетот на целата разврска, тие за Фокус велат дека непотребно бил оспорен нивниот стручен и професионален кредибилитет, преку етикетирање како луѓе блиски до политичките партии, врз основа на фактот што Даути извршувал јавна функција, а Тахири учествувал на партиска трибина.
Даути смета дека тоа што бил член на Комисијата за верификација на фактите не го прави близок во власта и ДУИ, бидејќи, како што истакнува, бил избран за член на комисија за која постоела политички консензус.
-Значи, мене не ме избрала политичка партија туку сум се пријавил на конкурс, па собранието го изврши изборот за членови на оваа комисија, чија потреба беше утврдена со политички консензус. Тоа што многу луѓе во земјава не го прифаќаат процесот на лустрација и одбиваат да се соочат со минатото, тоа е друго прашање – посочува Даути.
Тахири, пак, признава дека учествувал на партиска трибина во организација на СДСМ, во периодот кога опозиционерите кампуваа пред владината зграда, но, додава тој, повикан бил повикан да говори за медиумите поради неговата стручност.
-За мене се говорело дека сум бил дел и од Шарената револуција, но тоа не е точно. Јас единствено сум бил говорник на трибина во организација на СДСМ, на која тема беше реформа на јавниот сервис и зборував што треба да се направи во оваа насока. И ВМРО-ДПМНЕ да ме повика на трибина за оваа тема би учествувал, бидејќи тоа е сфера на мој професионален интерес – изјави Тахири.
Инаку, изборот за петтиот член на телото за предизборен медиумски мониторинг заглави откако четворицата членови избрани под предлог на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ – Слаѓана Димишкова, Цветин Чилиманов, Горан Трпеновски и Љубомир Костовски, беа поделените меѓу двајцата кандидати, односно Димишкова и Чилиманов се залагале за Даути, додека Трпеновски и Костовски го протежирале Тахири.
Тие двајца влегоа во кругот на најсериозни кандидати за оваа функција по елиминацијата на останатите 7 пријавени кандиди на јавниот повик објавен од Агенцијата за медиуми, при што во првата фаза се оценувал професионалниот беграунд, а вториот филтер ја опфатил политичката ангажираност и активност на кандидатите.
Ова тело е производ на политичкиот меѓу четирите партии што се потписнички на Пржинскиот договор, кои се договорија по двајца членови да делегираат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, додека овие четири членови да го изберат петтиот независен член од редовите на албанската етничка заедница.
Имено, формирањето и проработувањето на оваа тело е услов за оддржување на предвремените парламентарни избори, кои, доколку на лидерската средба што треба да се оддржи до крајот на месецов се констатира дека договореното е исполнето, треба да се оддржат на крајот на годинава.