Конечно, една фирма се одважи во Комората да организира настан кој таргетира едно крупно прашање кое е во темелот на економските активности, а тоа е регионалното поврзување коешто досега беше третирано само од институциите.
Стопанската комора на Северна Македонија овој викенд беше место каде што се сретнаа бизнисмените од пет земји на Западен Балкан: Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Македонија. Како и секогаш, централна тема на расправа беше регионалната соработка, но овој пат од сосема друг аспект: од општо кон поединечно, што значи низ сопствени примери да се анализираат проблемите на регионалната трговија меѓу овие земји. Поводот, многу значаен, 30-годишнината од Даути комерц, фирма која пред 20 години излезе на регионалните пазари и отвори свои компании во Косово, Црна Гора, Албанија, покрај централата која се наоѓа во Северна Македонија. Дали е таа промотор на таквата идеја или пак е имплементатор на истата, бизнис-форумот беше јасен и дециден дека тоа е примерот кој треба да се следи за да се интензивира економската соработка. Компаративната анализа со земјите од Вишеградската група само ги потврди констатациите на бизнисмените за корисноста од ваквото здружување.
Што овој бизнис форум го разликува од другите?
Прво, непосреден организатор е една компанија – Даути комерц.
Второ, мрежата која ја има создадено таа фирма на Балканот е пример кој треба да го следат и другите затоа што истата служи не само за зголемување на трговијата, туку и за размена на информации, технологии, луѓе и идеи што е повеќе од потребно за развој на нашите компании.
Трето, Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш докажа дека не робува на принципите, туку едноставно кога се работи за интересите на компаниите, го отстапи своето место, даде логистичка поддршка и на тој начин ја исполни својата основна заложба компаниите да бидат на прво место во нејзиното работење.
Доаѓањето на бизнисмени од типот на Шаќир Палуши, Фрутекс – Косово, Огњен Илиќ, Ал Велпро-Србија и Вулнет Хака, Етна Полимер -Тирана, само го зголемува нашиот капацитет кој и онака е огромен и е ставен во функција на компаниите. За нас е особено признание што основачот и прв претседател на Комората на Северозападна Македонија ја одбра Стопанската комора на Северна Македонија за промовирање на овој свој концепт.
Најважно од сè е заклучокот, а тој не е исполнет со општи, туку со конкретни формулации од типот:
1. ПОТРЕБНИ СЕ МУДРИ ПОТЕЗИ ВО НАСОКА НА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА БАРИЕРИТЕ ЗА ПОШИРОКА РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА. ДАУТИ КОМЕРЦ со сопствен пример покажува дека регионалната соработка е алфа и омега за напредок во бизнисот.
2. Да се отвори Балканот, да се затвори историјата, да се обедини бизнисот.
3. Бизнисмените ја гледаат големата слика и градат мостови за економско поврзување на Балканот и поради тоа доста ни е од затвореност, корупција, сива економија, ефтина работна сила!
4. Приватниот сектор сака во време на дигитализацијата, најсофистицирани решенија за непречен проток на граничните премини, а долгите редици со камиони, кои постојат само уште кај нас, да останат во минатото. Долгорочна визија за стабилен Балкан е креирањето регион каде што границите се од помало значење, а протокот на луѓе, стоки и на капитал е слободен.
5. Потребни ни се конкретни чекори кои едноставно ќе го решат прашањето за инфраструктурата меѓу нашите земји, ќе овозможат меѓусебно признавање на сертификати и други документи, заеднички настап на трети пазари, заеднички производи.
6. Имаме и порака до лидерите на Европската Унија, дека тие се надеж за подобро утре на сите наши компании и нивните вработени и како такви имаат голема одговорност кон процесот на проширување. Меѓутоа, во пракса, тие многупати направија преседани на штета на малите земји и на нивните надежи и затоа јасно им порачуваме – кон овој процес да пристапат најодговорно и професионално, исто како што и компаниите од Западен Балкан веќе работат согласно европските регулативи и стандарди.
Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија
ПР текст