„Датумот на изборите треба да го договорат сите политички партии, а не само две“ порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. Рече дека работните групи на партиите треба да го договорат терминот за избори и другите детали во врска со нив.
– Датумот на изборите е предмет на дискусија меѓу сите политички партии, а не само на две политички партии. И Изборниот законик и одржувањето на изборите се прави согласно со закон и Устав, согласно со мандати. Оваа година имаме карактеристични избори бидејќи имаме и претседателски и парламентарни избори – рече Ковачевски.
Тој не одговори дали изборите би можеле да бидат на 8 мај, како што предлага опозицијата, но рече дека средби меѓу партиите треба да има и дека на нив треба да има општ договор меѓу работните групи на политичките партии, кои треба да разговараат за деталите за изборите.
-Сега зборуваме за детали за изборите. Прашањето за предвремени избори веќе не се на маса, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања.