Актерот Драган Спасовски Дац и кантавторот Александар Митевски започнаа со заеднички настапи како музичко дуо. Покрај настапите во локали, тие ќе учествуваат и на фестивалот на забавни мелодии ,,Макфест” кој ќе се одржи на 10-ти, 11-ти и 12-ти октомври во НУЦК ,,Ацо Шопов” во Штип. Уметничкиот директор на фестивалот, Владимир Дојчиновски Дојчин ги најави како интересно освежување со кое ќе се збогати манифестацијата.
-По неколкуте успешни свирки иницирани од наши пријатели и фанови во неколку скопски локали, нашата дружба премина и во една друга форма. Напишавме и снимивме песна, две, со многу љубов, искреност,боемштина, патина.
Песни кои се надеваме ќе и се допаднат на македонската публика и ќе бидат вистинско освежување на нашата сцена. Спојка на две генерации, две биографии, двајца пријатели со слични музички вкусови. Актер и кантавтор – ќе пеат само за вас – информираат Дац и Александар, а дуото веќе има и фан страница на која добива комплименти и поддршка од публиката.
Вики Клинчарова