Даштевски верува дека до изборите ќе паѓа бројката на заразени

by Fokus

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски денеска пред новинарите потврди дека нашата земја е подготвена за локалните избори кои ќе се одржат на 17-ти октомври.

„Организацијата околу изборите тече во најдобар ред. Подготвени сме за таа операција. Гледаме дека бројките на заразени паѓаат во последно време, а се надевам дека таквиот тренд ќе продолжи и до денот на изборите“, истакна Даштевски.

Поврзани новости