Даштевски: Терминали за отпечаток на прст се користат во земји од третиот свет

by Fokus

Податоците што ни ги дава МВР се криптирани и никој не може да ги декриптира, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Во светот има 50 држави каде што се користат вакви машини, меѓутоа секако тоа се држави каде што треба да има. Имавме најсвеж пример од референдумот каде утврдените резултати ни укажуваат дека имало гласање за 7, за 9 секунди итн., значи сите тие недостатоци ќе се отстранат и сметам дека ќе имаме подобар фидбек, подобар осврт на работите како навистина стојат. Тоа би требало да биде така бидејќи ние нели се стремиме кон НАТО и ЕУ, не треба да си дозволиме такви експерименти да правиме, да гласаме за неколку секунди“, вели Даштевски.

 

Поврзани новости