Даштевски: Македонија е земја во која најбрзо пристигнуваат изборните резултати

by Fokus

Државната изборна комисија уверува дека има капацитет брзо да реагира при изборни нерегуларности. Секаде каде што ќе се утврди повреда на гласачкото право изборите ќе бидат поништени, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски за Утрински брифинг.

– 320 лица во IT секторот ќе се грижат за техничка поддршка, ангажирана е и странска компанија да интервенира при хакерски напади какви што се случија минатата година, вели Даштевски.

Тој додава дека претстојните избори се рекорд во кандидатските листи, 165 на број.

– Доаѓа ОБСЕ од Литванија и Босна и Херцеговина, а ќе бидат присутни над 1000 надбљудувачи на овие избори, вели тој.

ДИК почнува со силно темпо уште од сега, но главното допрва доаѓа.

Поврзани новости