Даштевски: Излезноста до 18.30 часот е 48,88%

by fokus

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски, на вечерашната прес конференција истакна дека гласачките места се затвораат во 19 часот.

Сепак тој наброја неколку избирачки места на кои гласањето се продолжува, поради прекини.

Па така во Центар, на три избирачки места, ќе се гласа уште 2 часа и 55 минути, во Сарај исто така на три избирачки места гласањето ќе се пролонгира за уште 2 часа и 45 минути, а во Карпош на едно избирачко место и тоа уште 2 часа и 30 минути…

Даштевски истакна и дека излезноста до 18.30 часот е 48,88%, односно гласале 555.943 гласачи.

Поврзани новости