128
По бројните неуспешни обиди да се избере нов претседател на Уставен суд, судијата Дарко Костадиновски денеска конечно го добил потребното мнозинство.
Од Уставниот суд само кратко потврдуваат дека избран е претседател и дека тоа е судијата Костадиновски.
Судијата Осман Кадриу за кого се гласаше вчера за прв пат, и денеска не го добил потребното мнозинство, петина судии гласале „за“, тројца „против“, а едно ливче било неважечо.