600
Македонската актерка Дарја Ризова е добитничка на наградата за најдобра актерка во улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ на деветтото издание на Фестивал на актерот во Коњиц, Босна и Херцеговина, информира Македонски народен театар.
Директорот на фестивалот, Бенјамин Мушиновиќ истакна дека радува фактот што оваа награда како жири-комисија ја доделува самата публика. За разлика од другите театарски фестивали, жирито на овој фестивал го сочинува само публиката која ги избира најдобриот актер и актерка.
На Фестивалот учествуваат девет професионални театри од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска. Фестивалската програма завршува со прогласување на најдобра актерка и најдобар актер на 15 јуни 2022 година.