По подолга пауза поп музичарот Дарио Панковски (59) промовираше нова песна и видео запис за истата. Станува збор за нумерата ,,Какви се овие времиња?” за која тој ги напишал музиката и текстот, а неговата ќерка Андреа е потпишана како соработник на текстот.
Аранжманот е на Кристијан Габроски.
-Низ моите стари улици, само некои луѓе непознати,
Милион нови врати,
сите исти безлични,
а ниедна од нашите капии.
Ги носам моите спомени,
гордо ’ко на гради ордени,
Тие вредат многу повеќе,
од сите овие празни животи- се дел од стиховите на новата балада на Дарио, која од вчера е прикачена на музичкиот канал Јутјуб.
Инаку, Дарио и стана познат на јавноста уште во осумдесеттите години на минатиот век, како дел од групата ,,Бон-тон”.
Потоа беше дел од ,,Миг 21”, а изминативе години настапува како солист.
В.К.