468
Данското Министерство за одбрана соопшти дека нивните авиони утринава пресретнале руски бомбардери, кои наводно се упатиле кон територијата на НАТО.
Официјални лица рекоа дека данските ловци Ф-16 полетале за да идентификуваат и пресретнат два руски авиони, за кои се верува дека се бомбардери, кои утринава прелетале над Северното Море.
„Руските авиони биле во меѓународниот воздушен простор и во ниту еден момент не влегле во воздушниот простор на Данска“, изјави портпаролот на Министерството.
Наводно, бомбардерите направиле пресврт пред да го нарушат воздушниот простор.
Сепак, останува нејасно зошто руските бомбардери биле толку блиску до Данска, односно на дофат на воздушниот простор на Алијансата