Данскиот министер за надворешни: Импресионирани сме од темпото со кое се одвиваат реформите во Северна Македонија

by fokus

Импресионирани сме од темпото со кое се одвиваат реформите во Северна Македонија и со нетрпение очекуваме што поскоро да почнат преговорите за членство на земјата во ЕУ, наведе на неговиот твитер-профил министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод, по вчерашната средба со македонскиот колега Бујар Османи.

– Импресионирани сме од темпото со кое се одвиваат реформите во Република Северна Македонија. Со нетрпение очекуваме да се отворат пристапните преговори со ЕУ што поскоро. Добар пример за регионот, посочува Кофод во објавата.

Кофод, средбата со Османи ја оценува како плодна, нагласувајќи дека со „добриот колега имале конструктивен дијалог за геополитиката на Западен Балкан“.

Поврзани новости