Мајк Вила Фонсека, 28-годишен пратеник во данскиот Парламент, во интервју за ТВ2 рекол дека е во врска со 15-годишно девојче и со тоа го прекршил кодексот на однесување на Умерената партија, кој не дозволува членовите да имаат сексуални односи со лица помлади од 18 години, пишува Берлингске.
Лидерот на партијата, Ларс Локе Расмусен објави дека Фонсека треба да биде исклучен од партијата, а самиот пратеник изјавил дека родителите на девојчето биле свесни за нивната врска и му дале согласност.
„Работите се случија малку рано, но нема ништо лошо во тоа. На крајот на краиштата, луѓето реагираат на разликата во годините. Но, ние имаме доверба во нашата ќерка и Мајк”, рекол таткото на девојката.
Фонсека во последните години доаѓал во нивниот дом како семеен пријател. Тој на изборите освоил 505 повластени гласови.
Иако Фонсека заминал на боледување и била назначена негова замена, прашање е кога ќе се врати и како ќе се позиционира, според предлозите на владата, јавуваат медиумите.