Данската премиерка се извини оти не носела маска

by fokus

Данската премиерка Мете Фредериксен се извини откако беше снимена без маска во продавница, спротивно на новите анти-ковид правила.

Видеото што го објави вчера данскиот дневен весник „Екстра Бладет“ е снимено во петокот од случаен минувач низ излог во центарот на Копенхаген, четири дена по повторното воведување на обврската за носење маски на јавни места и во јавниот превоз.

– Се работи за превид, откако стапија во сила новите правила. Тоа го сфатив кога ме сними граѓанин, реагираше Фредериксен на социјалните мрежи.

– Знам дека тоа може да му се случи на секого. Жал ми е и сакам уште еднаш да ви се заблагодарам за сè што правиме заедно за да ја спречиме епидемијата, рече таа.

Поврзани новости