Данската премиерка нападната во центарот на Копенхаген

by Фокус

Данската премиерка Мете Фредериксен е во состојба на шок откако вечерва беше нападната и удрена од маж во центарот на Копенхаген, соопштија од полицијата и од кабинетот на премиерката.

Не е јасно дали Фредериксен била повредена за време на нападот. Данската новинска агенција Рикау објави дека напаѓачот е уапсен по инцидентот.

Данското Министерство за внатрешни работи на платформата Х објави дека го истражува инцидентот.

Министерството за данската телевизиска мрежа ДР изјави дека премиерката Фредериксен е шокирана од инцидентот и дека немаат дополнителни коментари.

Поврзани новости