635
Данска би можела постепено да ги олесни мерките воведени проади коронавирусот по Велигден, доколку бројот на новозаразени и смртни случаи остане стабилен, изјави денеска премиерката Мете Фредериксен.
– Ако, во наредните две недели бројките останат стабилни и во Велигден, тогаш Владата ќе почне да го отвора нашето општество постепено, тивко и на контролиран начин, после Велигден, нагласи Фредериксен за прес-конференција. Данска има регистрирано 2.733 заразени и 77 смртни случаи до денеска попладне.
Таа земја ограничи јавни собири до десет лица и затворени училишта, колеџи, градинки, ресторани, кафулиња, библиотеки, спортски сали и фризерски салони.
Данска ги затвори своите граници и ги пропушта само оние што испорачуваат стоки.