547
Данска планира да олесни дел од карантинските мерки наметнати поради новиот коронавирус.
– Јаслите и градинките ќе продолжат со работа од 15 април. Учениците од прво до петто одделение ќе се вратат во училниците, рече синоќа премиерката Мете Фредериксен, што е „прва претпазлива фаза“ за враќање на земјата во нормално функционирање. Сепак, Данците мора да бидат подготвени за фактот дека наметнатите ограничувања ќе останат со месеци, додаде премиерот.
Данска беше една од првите земји во Европа што презеде строги мерки за да го спречи ширењето на коронавирусот. Според најновите податоци, во земјата се пријавени речиси 4.700 случаи на заразени и 200 луѓе кои ги загубија животите од таа болест.