Данските ракометари по четврти пат по ред станаа светски шампиони.
Данците ја совладаа Хрватска во Осло со резултат 32:26 (16:12).
Избраниците на Николај Јакобсен триумфираа во 2019 година на домашен терен против Норвешка, потоа две години подоцна против Шведска во Египет, а во 2023 година славеа во Шведска против Франција.
Хрватска остана на две светски титули, а последната ја освои во 2003 година во Португалија кога ги совлада Германците.
Последниот медал на големо натпреварување Хрватите го освоија во 2016 година.
Ова беше шесто последователно финале во кое Хрватите беа поразени. Хрватска загуби на СП во 2005 и 2009 година, потоа на ЕП во 2008, 2010 и 2020 година.
Франција ја освои бронзата откако ја совлада Португалија со 35:34 во мечот за третото место.
Данските ракометари до титулата стигнаа на спектакуларен начин со сите убедливи победи.
Во првата фаза ги победија Алжир (47:22), Тунис (32:21) и Италија (39:20). Во втората фаза ги совладаа Германија (40:30), Швајцарија (39:28) и во единствениот натпревар со едноцифрена разлика Чешка (28:22). Данска во четвртфиналето го совлада Бразил со 33:21, а во полуфиналето Португалија со 40:27.
Данците уште од самиот почеток го држеа водството, а како одминуваше натпреварот, предноста растеше. Во првото полувреме видовме две пресметки на теренот.
По четири гола предност на полувремето, Данска на почетокот на вториот дел стигна и до десет гола разлика, но Хрватите успеаја да ја намалат негативата на половина во 54. минута. Сепак, немаа сила за пресврт.