Данска ги укинува рестрикциите, 83 проценти од населението над 12 години се вакцинирани

by Fokus

Данска од денеска ги укинува преостанатите мерки воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот, потег што се објаснува со високиот процент на вакцинирана популација.

Луѓето повеќе нема да мора да покажуваат ковид-потврда што покажува дека се вакцинирани, дека се заразиле со ковид или имаат негативен тест, дури и на големи настани како фудбалски натпревари или во ноќни клубови, кои штотуку се отворија.

Данска повеќе нема да го класифицира ковид-19 како „социјално критична“ болест.

Во текот на изминатите неколку месеци, владата постепено ја укина обврската за носење маски и други мерки.

Ноќниот живот повторно беше дозволен во почетокот на месецов, по година и пол затвореност. Во почетокот луѓето мораа да покажат ковид-потврда.

Ова барање е исто така укинато за баровите, спортските сали и други активности.

Министерот за здравство Магнус Хенике кон крајот на август рече дека попуштањето е можно благодарение на големиот број вакцинирани.

Досега, 83 проценти од Данците над 12-годишна возраст се целосно вакцинирани.

Меѓутоа, за патниците што влегуваат во земјата од странство, некои ограничувања ќе останат во сила. Дали е потребен тест за влез во Данска зависи од земјата или регионот од кој лицето влегува во земјата.

Поврзани новости